Блок70
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Блокери РулЗ !!!
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Дали ви се допаѓа ? :)

Go down 
АвторПорака
Nimfa
Аматер



Број на мислења : 1
Join date : 2010-10-06

Дали ви се допаѓа ? :) Empty
ПишувањеПредмет: Дали ви се допаѓа ? :)   Дали ви се допаѓа ? :) EmptyСре Окт 06, 2010 4:22 pm

Уште една ноќ поминува, уште една цигара догорува.Седам покрај прозорецот и го гледам небото, ѕвездите и месечината.Размислувам... Имав се и одеднаш за миг се исчезна.Се навраќам на некои личности стари, на поминатите денови, на нивните постапки, разговори и на се она што ме поврзува со нив.Ништо не сум виновен , но сепак чуствувам огромна вина во себе.Мислев дека сиот свет мене ми припаѓа.Но не , јас нему му припаѓам, станав негов роб.Радосен сум од помислата дека имам пријатели, кои ме ценат и почитуваат и ме сакаат онаков каков што сум.Но, имав огромно разочарување од лошата проценка на накои личности кои мислев дека ми се “пријатели“.За тие “пријатели“ си помислив : Конечно имам некому да му кажам нешто, кој ќе ме сослуша и ќе има разбирање за мене.Но, тоа е златно правило за сите дека било која личност не се проценува веднаш.Не секогаш можеш некои работи да му ги кажеш некому.Затоа секогаш не се избрзува со работите кои ги кажувате ако знаете дека во иднина тие ќе бидат злоупотребени против вас.Тоа му доаѓа како сам да си фрлаш камења на себе.Но, како и да е вистинскиот пријател поминува преку се и треба да има разбирање буквално за се.Никој не би коментирал, доколку не би му дале одредена причина за тоа.Коменатарите постојат, различните луѓе и карактери постојат, пријателите постојат..Животот ни носи најразлични разочарувања, само треба правилно и мудро да изиграш со ситуацијата и од сето тоа да извлечеш поука за нештата кои не би сакале да ни се повторат.Но, како и да е радувајте му се на прекрасниот живот и на секој изминат ден и очекувајте го секој следниот каков нов предизвик.Едноставно кажано делата кои ги правите за себе и за тие околу вас само ќе кажат каква личност сте вие всушност.Ако сте добри - со добро ќе ви се врати.Ако погрешите некаде - поправете го тоа и не го повторувајте.Секое лошо за добро - секој пријател за поубав и поисполнет живот.
Вратете се на почетокот Go down
 
Дали ви се допаѓа ? :)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Дали е Зеус пијан ?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Блок70 :: Животен стил :: Уметност и Литература-
Отиди до: