Фудбалскиот клуб Рома (италијански: Associazione Sportiva Roma) или едноставно Рома е италијански професионален фудбалски клуб од Рим. Клубот е основан во 1927 година од страна на Итало Фоски со спојување на три помали клубови „Фортитуда”, „Романа” и „Алба-Аудичеа”. Целта на спојувањето на овие клубови била да се направи тим кој ќе конкурира на клубовите од северот на Италија, кои во тоа време биле најдоминантни во италијанската лига.