Milanez` Администратор
Број на мислења : 93 Join date : 2009-10-03 Age : 34 Местолокација : Тетово
| Предмет: Фан клуб: Манчестер Јунајтед Чет Окт 08, 2009 7:01 pm | |
| Манчестер Јунајтед (англиски: Manchester United) е светски познат фудбалски клуб од Англија, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига, се наоѓа на второ место по бројот на освоени титули, веднаш зад Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Лигата на Шампиони 3 пати, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш. Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1 милијарда и 330 милиони евра. Од 1991 година клубот се водеше како Друштво со ограничена одговорност и требаше да биде преземено од Руперт Мердок во 1998 преку зделка што беше блокирана од британската влада. Кон крајот на 1990тите, вредноста наклубот достигна повеќе од £1 милијарда, правејќи го процесот на откупување безмалку невозможен. Сепак, во мај 2005, Малколм Глејзер го заврши преземањето на компанијата против волја на клубот и го повлече името Манчестер од лондонската берза. Моментално, капитен на Манчестер Јунајтед е Гери Невил, кој капитенската улога ја презеде од Рој Кин на 16 ноември 2005 година. | |
|
Zip4o *X* Аматер
Број на мислења : 4 Join date : 2009-10-27 Age : 34 Местолокација : Тетово & Битола
| Предмет: Re: Фан клуб: Манчестер Јунајтед Вто Окт 27, 2009 1:19 am | |
| | |
|